Балкан

2 февруари, 2017

Кајмакоски сними дует со „Неверне бебе“

Даниел Кајмакоски конечно ќе ја израдува публиката со нова песна, а овој пат обожавателите ќе имаат можност да го слушнат во дует со српската група „Неверне бебе“. Имено, победникот на музичките натпревари „Х фактор“ и „Твоето лице звучи познато“ гостува во темата насловена „Још се надам“, која премиерно ќе ја отпее во живо заедно со групата на нивната концертна промоција на новиот албум „Прича о нама“.

дк

16406702_10154974794317402_1124518102876182211_n

Познатиот пејач, кој минатата година ја освои германската музичка награда „Даф бама“ за најдобар пејач од Македонија, сè уште е актуелен со темата „Само за љубов“, а се надеваме дека наскоро ќе нè почести и со нов, самостоен сингл.

 

 



Врати се горе ↑