Македонија 10389020_662216733868714_553882313464229208_n

16 август, 2014

Кајмакоски се заљуби во Битола

Првиот победник на регионалното издание од музичкиот натпревар „Х Фактор“ и миленик  на целиот Балкан, Даниел Кајмакоски денеска за прв пат го посети градот на конзулите, каде што следните два дена ќе се дружи со своите фанови. Пејачот утрово дегустираше „Џуси“ сокчиња во маркетот „Шик“ кај Дрвен пазар, дружењето ќе продолжи и вечерва во кафе „Интермецо“ со почеток од 21 часот, а утре од 11 до 13 часот во „Ангромаркет Макси“ во населбата Довлеџик.

„Нема да ми верувате, ама никогаш досега не сум бил во Битола, секогаш само поминував покрај вас, но сега вистина е време да ве видам! Се радувам како мало дете!“, напиша Кајмакоски на својата фан страница на Фејсбук, а шетајќи се по прекрасниот Широк сокак додаде: „Готово, се заљубив во Битола!“

И.Ј.



Врати се горе ↑