Македонија 10175028_599536560136732_6430919864399587946_n

11 февруари, 2016

Кајмакоски сè уште не добил пари за победата на „Х фактор“

Даниел Кајмакоски гостуваше во минатонеделната епизода од емисијата „Еден на еден“, каде што зборуваше за неговите досегашни искуства, „Х фактор“, „Скопски фестивал“, „Евровизија“, а откри и дел од идните планови во врска со новиот албум, кој би требало конечно да стигне во текот на годинава. Меѓу другите работи, раскажа како скокал од највисоката зграда во Австрија, но исто така се пожали и дека сѐ уште не добил пари за победата на „Х фактор“. Целата емисија погледнете ја овде.

Како прв сингл од новиот албум, пејачот минатата година го објави хитот „10 лета“, кој се најде на на второто место на листата од 20 најдобри видео записи од целиот регион според Ем-ти-ви, а се надеваме дека вториот сингл ќе пристигне наскоро.

Фотографија: Кристијан Теодоров



Врати се горе ↑