Македонија 61287_653737448049976_4126096684190189619_n

30 јули, 2014

Кајмакоски потпиша договор со „Менарт“

Првиот победник на регионалното издание од музичкиот натпревар „Х Фактор“ и миленик  на целиот Балкан, Даниел Кајмакоски потпиша договор со продуцентската куќа „Менарт“, регионален застапник на „Sony Music Entertainment“.

„Драги пријатели, сакам да ве информирам дека потпишавме договор со ’Менарт’, продуцентската куќа која ќе го издаде мојот прв албум! Наскоро очекувајте ја и мојата прва песна!“, соопшти Кајмакоски на неговата фан страница на Фејсбук.

„Горди сме на фактот што ’Менарт’, посреден застапник на ’Sony Music – SyCo’, ќе има можност да соработува со Даниел Кајмакоски, кој е фантастичен пејач“, изјави директорот на хрватската продуцентска куќа „Менарт“, Бранко Комљеновиќ, додавајќи: „Градењето и работата на неговата кариера ќе биде еден од нашите приоритети во периодот кој следува, и тоа во сите држави од регионот каде што беше емитуван Х Фактор.“

Со победата на најпознатиот музички натпревар на планетата, Кајмакоски доби и награди како што се снимање на албум од „Менарт“ за регионот, два видео записа, ПР-поддршка од продукцијата, автомобил „Мини Купер Купе“ и парична награда во износ од 10.000 евра.



Врати се горе ↑