19 декември, 2014

Кајмакоски пее во химната за ракометното првенство во Катар

Од 15 јануари до 1 февруари во Катар ќе се одржува 24. светско првенство во ракомет за мажи, во кое ќе учествува и Македонија. Како официјална химна вчера беше претставена темата „Live It“, која ја пеат изведувачи од 24 земји, меѓу кои и нашиот евровизиски претставник за 2015 година, Даниел Кајмакоски, хрватската пејачка Лана Јурчевиќ, Босанката Марија Шестиќ, како и победникот на Евровизија во 2009 година, Александар Рибак.

Песната е достапна за симнување на официјалната веб страна за СП во Катар, а видео записот Ве очекува горе. Уживајте!

 Фотографии: YouTube



Врати се горе ↑