Македонија 10556341_696920377065016_1304227798773133470_n

31 октомври, 2014

Кајмакоски ќе снима филмска музика

Најактуелното име на македонската музичка сцена, особено изминативе неколку дена, е името на Даниел Кајмакоски. Победникот на регионалното издание од натпреварот „Х Фактор“ неодамна беше најавен како еден од специјалните гости на „МАРС 2014“, сними дует со Златните славејчиња, а наскоро ќе имаме можност да ја слушнеме и неговата прва официјална песна, со која ќе настапи на претстојниот „Скопски фестивал 2014“.

Најновата вест поврзана со популарниот пејач е тоа што сними песна за новиот филм „Ќе бидеме светски прваци“, кој ќе ја раскаже приказната за успесите на кошаркарската екипа од поранешна Југославија во 1970 година кога го освои светскиот трофеј. Кајмакоски ја соопшти веста вчера во разговор со „Канал 5“, а покрај снимањето на песната, додаде дека можеби ќе се појави и како актер во некоја од сцените.

Целиот разговор можете да го погледнете во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑