27 јули, 2015

Кајмакоски ја претстави и српската верзија на новиот сингл

Една недела по промоција на првиот сингл „10 лета“, Даниел ја промовираше и српската верзија со наслов „Деценије“.  Премиерно песната беше изведена во емисијата „Ами Џи шоу“, во редовниот термин вторник навечер, по што утредента следеше и радиска премиера на белградското радио „Накси“.

„Сите мои наредни проекти ќе имаат македонска и српска верзија, бидејќи публиката и фановите кои ме поддржуваа и сè уште ме поддржуваат во Македонија и во регионот го заслужуваат тоа”, изјави Даниел Кајмакоски при гостувањето на утринската програма на телевизија „Пинк“.

Автор на песната (музика и текст) е Александра Милутиновиќ, за аранжманот и продукција беше задолжен Дарко Димитров. Како и „10 лета“, така и „Деценије“ е промовирана заедно со видео запис, кој само треба да го дополни уживањето во песната и дополнително да ги освои фановите во регионот.



Врати се горе ↑