Видео

29 ноември, 2017

Кајмакоски и Андоновски во посета на манастирот во Рајчица

На првиот ден од божикниот пост, преку кој православните верници ќе се подготвуваат за достојно да го пречекаат Божик, први гости во манастирот во Рајчица, каде што веќе со години наназад токму на овој ден почнуваат да се делат божикните пештери како еден од главните симболи на празнувањето, беа Даниел Кајмакоски со сопругата Христина и синот Давид и Димитар Андоновски со сопругата Христина и синот Михаил.

slika 1

Дочекани со голема радост од сестрите во манастирот, чија главна грижа во овој период од годината е да снабдат што повеќе домови и институции со еден од најубавите симболи на празникот – божикната пештера, Даниел и Димитар со нивните семејства уживаа во изобилство од љубов и внимание од сестрите, потпомогнати од поголема група деца од Охрид и Скопје кои редовно доаѓаат да помагаат во декорирањето на пештерите.

_MG_1154

Ова прекрасно дружење беше единствено по многу нешта, за што сведочат и насмевките на малите Давид и Михаил, синовите на Даниел и Димитар, што е само првата од многуте активности кои претстојат во периодот што следи. Подготовката на божикните ѕвезди, како уште едeн важен симбол на Божик, е следната активност, овој пат во друштво на други познати омилени ликови.

_MG_1204

Поддржани од многу пејачи, актери, водители, спортисти и други јавни личности, во периодот што следува, ќе биде презентирана и сликовницата што специјално се подготвува за овој Божик, а формирањето на групи деца низ цела Македонија кои ќе ги сочинуваат овогодишните Бадникови поворки што на 6 јануари ќе ги обиколуваат улиците на голем број градови во Македонија, како и учењето на древната православна традиционална песна „Вечниот Бог“ во друштво на најпознатите пејачи од светот на забавната музика се само дел од активностите што ќе следат.



Врати се горе ↑