18 ноември, 2014

Кајли Миног во моден мини-филм: Погледнете го „Sleepwalker“

Откако ја најави својата турнеја „Kiss Me Once Tour“ со ненадејно објавување на четири нови песни, снимени во соработка со продуцентот Фернандо Гарибеј (Лејди Гага), Кајли Миног ги почести нејзините фанови со нов моден филм. Станува збор за видео записот насловен „Sleepwalker“, во кој се „спакувани“ темите од „Гарибеј серијалот“, а австралиската „џебна Венера“ е облечена во креации со потписот на имиња како што се Долче и Габана, Кристијан Лубутен и Жан Пол Готје. Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

 



Врати се горе ↑