Свет kylie-minogue-roc-nation-650-430

7 февруари, 2013

Кајли Миног „влезе“ во семејството на Џеј Зи

Неодамна кон „семејството“ на Џеј Зи и етикетата Roc Nation се придружи и познатиот продуцент Тимбаленд, а деновиве беше објавен и најновиот член. Станува збор за австралиската поп икона Кајли Миног, која иако најави дека ја напушта музиката, сепак се премислила.

„Roc Nation ѝ посакува добредојде  на австралиската пејачка, текстописец, актерка и дизајнерка Кајли Миног.“ – пишува во соопштението за јавноста. „Во 25-годишната кариера, Кајли има издадено 11 студиски албуми, две ЦЦ во живо, осум концерти на ДВД, двоен албум од најголемите хитови, како и бројни видео компилации. Таа има издадено преку 50 хит синглови ширум светот, вклучувајќи ја и со Греми наградената песна „Come Into My World“, а има продадено и повеќе од 68 милиони албуми ширум светот. Нема потреба да се каже, но сме многу возбудени што Кајли се придружи на Roc семејството.“

Како што пишува Idolator, Миног и Џеј Зи биле пријатели уште од 2004 година, кога биле фотографирани заедно на доделувањето на Греми наградите, во годината кога таа ја доби престижната награда за синглот „Come Into My World“ од албумот „Fever“. Никој не претпоставуваше дека пријателството кое започна пред скоро една деценија ќе прерасне во бизнис сорабока.

 

Исто така, Кајли веќе подолго време ги почитува раперите, со оглед на тоа што соработуваше со еден за нејзината нумера „One Boy Girl“ од 1990 година, песна која се најде на нејзиниот албум „Rhythm Of Love“, во која и самата рапува неколку стихови. Тринаесет години подоцна, албумот „Body Language“ доби уште повеќе Р&Б и хип-хоп призвук, особено нумерите „Red Blooded Woman“ и „Chocolate“, за која соработуваше со Лудакрис, но тој беше отсечен во финалната верзија.

 

Сепак, иако тоа што Кајли ја замени американската етикета од EMI/Capitol со Universal нема многу смисла, сепак интересно е тоа што може да се очекува од соработката на оваа русокоса поп икона и рап могулот Џеј Зи, како и можноста за нов музички стил кој би можеле да го чуеме од Кајли во иднина.

 



Врати се горе ↑