Аудио

19 јануари, 2018

Кајли Миног се враќа со „Dancing“

Австралиската дива Кајли Миног неодамна го најави своето 14. по ред студиско издание, а денеска стигна и првиот сингл насловен „Dancing“. Интересно е тоа што станува збор за кантри-поп песна, во продукција на Скај Адамс, што и не е големо изненадување со оглед на тоа што пејачката уште минатата година сподели фотографија од студио со кантри-музичарите Фил Барон и Линдзи Рајмс. 

„Никој не сака да остане дома, никој не сака да биде сам“, пее 49-годишната ѕвезда во рефренот, кулминирајќи со стихот: „Кога ќе си одам, сакам да си одам танцувајќи!“, а како звучи сето тоа слушнете во продолжение.

 

Инаку, новиот албум на Кајли ќе го носи насловот „Golden“ и ќе содржи 12, односно 16 песни за луксузното издание, а неговото објавување е закажано за 6 април.



Врати се горе ↑