Свет km-skirt

28 мај, 2013

Кајли Миног претстави нова песна за нејзиниот роденден

Австралиската „џебна Венера“ често знае да приреди изненадување за нејзините фанови, па таков е и случајот со новата песна „Skirt“ која Кајли (45) ја претстави денеска по повод нејзиниот роденден. Минатата година на истиот ден ја претстави „Timebomb“, хит синглот кој се најде на нејзината компилација „Best Of Kylie Minogue“, а во 2010 година го промовираше видео записот за „All The Lovers“, кој го најави изданието „Aphrodite“.

„Skirt“ е првата песна која пристигна од австралиската поп икона, откако пред неколку месеци потпиша договор со Roc Nation, издавачката куќа на Џеј Зи. Новата песна веројатно е и прв сингл кој го најавува нејзиниот дванаесетти студиски албум, за кој пејачката минатиот месец изјави е при крај, а синоќа на Твитер напишала: „Можеби ми е роденден, но сè уште работам во студио“. Во продолжение слушнете како звучи новата песна.

 



Врати се горе ↑