Аудио km

22 април, 2014

Кајли Миног објави нов сингл за „Record Store Day“

Австралиската пејачка која во моментов е актуелна со нејзиниот дванаесетти по ред студиски албум „Kiss Me Once“, Кајли Миног објави нов сингл по повод „Record Store Day“. Овој нов „празник“ во чест на независните музички продавници започна да се прославува од минатата година и се одбележува секоја трета сабота од април, а во рамките на прославата се организираат настапи во живо и се објавуваат синглови во ограничен тираж. Означувајќи го овој ден, Кајли објави седуминчен винил сингл насловен „Golden Boy“ и тоа во само 1000 примероци, а како звучи тоа можете да слушнете во продолжение.

 

 

Пејачката неодамна потврди дека нема да се враќа во британската верзија на музичкиот натпревар „The Voice“, каде што во текот на изминатите неколку месеци имаше улога на ментор заедно со колегите Том Џонс, Вил Ај Ем и фронтменот на групата Кајзер Чифс, Рики Вилсон, а причина за тоа е промотивната турнеја на новиот материјал планирана за вториот дел од годинава.



Врати се горе ↑