Свет whysibsrwi

31 октомври, 2012

Кајли Миног напиша книга за мода

Познатата пејачка и стилска икона решила своето знаење да го преточи во книга. Кајли Миног оваа година слави 25 години кариера, а гламурозната облека и настапи отсекогаш биле нејзин заштитен знак, а па сето тоа го напишала во нејзината книга „Кајли/Мода“ (Kylie/Fashion). 

Таа во оваа книга ги обединила сите фотографии кои се сликани за време на 25те години од кариерата. Миног изјави дека оваа книга го прикажува односот и пријателството со најталентираните луѓе од модниот свет кои ги сретнала во текот на нејзината кариера. Книгата ќе биде во продажба од 19ти јануари, следната година.

Уште еден интересен податок за ова издание е тоа што предговорот го напишал познатиот моден креатор Жан Пол Готје, додека во улога на коментатори се наоѓаат дизајнери како што се Доменико Долче и Стефано Габана, Кристофер Кејн, Стела Макартни и други.

Во меѓувреме Кајли го подготвува нејзиниот дванаесетти студиски албум кој ќе излезе следната година.

 



Врати се горе ↑