Свет km1-600x450

11 јануари, 2014

Кајли Миног најави нов сингл и сними дует со Енрике Иглесијас

И покрај шпекулациите дека ќе ја напушти музиката со цел да се посвети на актерството, австралиската „џебна Венера“ сепак е активна во светот на музиката, а откако прослави 25 години кариера и го отпушти нејзиниот долгогодишен менаџер Тери Бламлеј, Кајли Миног „влезе“ во семејството на Џеј Зи, односно етикетата Roc Nation и го подготвува нејзниот дванаесетти студиски албум.

Деновиве конечно беше потврдена и веста дека наскоро ќе слушнеме нов материјал од пејачката, односно нејзниот прв сингл кој е опишан како „еуфорично враќање на денс подиумот“ и го носи насловот „Into The Blue“ ќе биде објавен на 16-ти март, но својата радиска премиера ќе ја доживее многу порано, веројатно кон крајот на овој месец. Што се однесува на нејзиниот претстоен албум кој ќе го наследи „Aphrodite“ од 2010 година, со оглед на тоа што како продуценти ќе се потпишат авторите Фарел Вилијамс, Грег Крстин, Метрофоник и други, очекувањата навистина се големи.

Уште еден новитет поврзан со пејачката е дуетот со колегата Енрике Иглесијас, а темата насловена „Beautiful“ ќе се најде на неговиот долгоочекуван десетти студиски албум кој би требало на излезе во текот на годинава. Покрај подготовката на новиот материјал, Миног во моментов е ангажирана и како судија и ментор за третата сезона од британската верзија на музичкиот натпревар „The Voice“, заедно со колегите Том Џонс, Вил Ај Ем и Рики Вилсон од Кајзер Чифс. Првата емисија ќе се емитува вечерва на британската телевизија BBC, а во продолжение погледнете ја заедничката изведба на четворицата судии од овој натпревар.

 



Врати се горе ↑