Свет Kylie-Minogue-hq-wallpaper

5 ноември, 2012

Кајли Миног ќе игра во музичка комедија

Австралиската „џебна Венера“ прифати да игра улога во музичката комедија „Walking On Sunshine“ која е инспирирана од музиката од осумдесеттите, а темата на филмот е приказна за мајка и ќерка кои се вљубуваат во ист човек додека се на одмор во Шпанија. Покрај Кајли, во филмот ќе игра и Џема Артертон која играше во филмот за Џејмс Бонд „Quantum of Solace“.

Филмот во моментот го подготвуваат Макс Џива и Даниа Пасквини, тимот кој стои позади филмот „Street Dance 3D“, а за кореографијата ќе биде задолжен Џон О’Конел кој работеше на филмскиот хит „Moulin Rouge“.

Миног исто така играше улога и минатата година во филмот „Holy Motors“ во кој ја изведува песната „Who Were We?“, која за неа ја напиша Нил Хенон од групата Дивајн Комеди.

 



Врати се горе ↑