Свет 961096-kylie-minogue

1 јануари, 2013

Кајли Миног ја означи Новата година во Сиднеј

Австралиската пејачка Кајли Миног им посака Среќна Нова 2013 Година на своите сонародници среде Сиднеј притискајќи го копчето кое го означи одбројувањето до спектакуларниот огномет над мостот Харбор во сиднејското пристаниште. Огромни усни го означија одбројувањето над мостот, после кој небото блескаше во сите бои на виножитото, а Кајли на сцената блесна во сребрена елегантна креација.

Како што кажа таа е пресреќна што овој момент може да го сподели со две од трите свои внучиња кои беа во публика, а зад сцената прв во Новата Година ќе ја прегрне нејзиното момче – шпанскиот актер и модел Андрес Веленкосо.

Како изгледаше огнометот и Кајли погледнете во видеото.

 



Врати се горе ↑