Свет kylieminogue

15 јануари, 2013

Кајли Миног ја напушта музиката

Пејачката и актерка Kајли Миног наводно ја напушта музичката индустрија за да му се посвети на актерството, пренесуваат странските медиуми. Австралиската ѕвезда која лани одбележа 25 години од почетокот на својата музичка кариера, неодамна го отпушти својот долгогодишен менаџер Тери Бламлеј со цел целата енергија да ја насочи кон глумата.

„Одлуката на Kајли да се раздели со Тери предизвика вистински шок. Тери отсекогаш беше покрај неа, уште од осумдесеттите години кога Kајли прв пат се проби на топ-листите. Но таа вели дека сака да се ослободи од притисокот што го носи музичката кариера и да му се посвети на актерството“ – изјави извор близок на ѕвездата.

Првото искуство на Миног пред камерите беше во сапунската серија „Соседи“, по што следуваа улоги и во други филмски проекти. Минатата година таа настапи и во филмот „Свети мотори“, а наскоро публиката ќе ја гледа и во музичката комедија „Walking On Sunshine“, посветена на хитовите од 80-тите години.



Врати се горе ↑