Аудио

1 октомври, 2018

Кајли Миног и Сигала ги здружија силите за „What You Waiting For“

Колку и да беше интересен кантри-поп ексмериментот „Golden, Кајли Миног можеби најдобро звучи во диско-поп издание, па токму во тој стил конечно повторно можеме да ја слушнеме во неодамна објавената соработка со британскиот диџеј и продуцент Сигала за потенцијалниот хит насловен „What You Waiting For“.

Синглот воедно го најави и неговиот деби-албум „Brighter Days“, кој излезе истовремено, на 28 септември, а на кој се сместени и досегашните топ-десет хитови, како што е број-еден хитот „Easy Love“ и соработката со Ела Ер, Меган Трејнор и Френч Монтана за „Just Gor Paid“.

Како звучи оваа британско-австралиска соработка на Сигала и Кајли Миног дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑