Видео

16 октомври, 2018

Кајли Миног и Џек Саворети ги здружија силите за „Music’s Too Sad Without You“

„Music’s Too Sad Without You“ или „Музиката е премногу тажна без тебе“ е насловот на новиот сингл на Кајли Миног, за кој австралиската ѕвезди ги здружи силите со англискиот колега со италијанско потекло – Џек Саворети. Пејачите воедно се и автори на овој дует, заедно со продуцентот Семјуел Диксон, а сето тоа го визуализираше режисерот Џо Конор во театарот „Феникс“ (Teatro La Fenice) во Венеција.

Песната воедно е петти сингл од актуелниот албум на Миног, „Golden“, чија истоимена турнеја е во тек. Освен насловната тема, таа ги екранизираше и сингловите „Dancing“ и „Stop Me From Falling“. За разлика од нив, „Music’s Too Sad Without You“ го нема тој кантри-поп призвук, каков што преовладува на новиот албум, а како звучи и изгледа сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑