Свет Kylie_Minogue-460x306

14 април, 2013

Кајли Миног го привршува новиот албум

Во краткото интервју што го даде на доделувањето на LogoTV’s NewNowNext наградите, Кајли Миног открила дека работата на нејзиниот дванаесетти по ред студиски албум е „веќе при крај“. Во врска со гласините дека ќе ја напушти музиката, таа изјавила дека сакала само да направи пауза, и покрај тоа што неодамна стана дел од „семејството“ на Џеј Зи, оносно потпиша договор со куќата RocNation: „Воопшто не мислев сериозно да се откажам од музиката, но на некој начин бев заведена да се вратам во тој свет“ – рекла Миног за LogoTV, а целото интервју можете да го погледнете во продолжение.

Извор: Idolator

 



Врати се горе ↑