3 февруари, 2014

Кајли Миног го претстави „Into The Blue“

Веќе е познато дека австралиската пејачка Кајли Миног го подготвува нејзиниот дванаесетти студиски албум кој ќе го носи насловот „Kiss Me Once“ и ќе биде објавен на 18-ти март. Како прв сингл со кој го најавува новото издание, пејачката ја претстави темата „Into The Blue“, која пристигна заедно со видео запис во кој се појавува и францускиот актер Клеман Сибони, а како изгледа и звучи сето тоа можете да видите горе.

На претстојниот албум ќе се најдат 11, односно 13 теми за лукзусното издание, а меѓу авторите се наоѓаат и хитмејкерите Фарел Вилијамс и Сиа, како и колегата Енрике Иглесијас кој е автор на дуетската тема „Beautiful“. Фотографијата од обвивката и списокот на песни од новото издание можете да ги видите во продолжение.

1. Into The Blue
2. Million Miles
3. I Was Gonna Cancel
4. Sexy Love
5. Sexercize
6. Feels So Good
7. If Only
8. Les Sex
9. Kiss Me Once
10. Beautiful
11. Fine
12. Mr President (bonus track)
13. Sleeping With The Enemy (bonus track)



Врати се горе ↑