20 април, 2018

Кајли ги здружи силите со „Хенте де зона“ за ремиксот на новиот сингл

Кубанското дуо „Хенте де зона“ гостува во ремиксот на актуелниот сингл „Stop Me From Falling“, кој се најде на неодамна објавениот нов албум на Кајли Миног. На оваа кантри-песна, музичарите му дадоа малку латино-призвук, што мора да признаеме дека е одлична комбинација, а сето тоа стигна во придружба на интересно видео во режија на Софи Мулер.

Инаку, „Stop Me From Falling“ е втор официјален сингл од 14. студиско издание на Миног насловено „Golden“, кое беше најавено со темата „Dancing“. Секако дека новиот материјал пејачката ќе го поддржи и со светска турнеја што ќе започне во септември годинава, а како изгледа и звучи одличната соработка со „Хенте де зона“ дознајте горе. Уживајте!



Врати се горе ↑