Аудио

30 јуни, 2019

Кајго со ремикс на необјавена песна од Витни Хјустон

Имотот на Витни Хјустон неодамна најави дека во текот на годинава ќе претстави претходно необјавен материјал од покојната пејачка и деновиве се покажа дека си стојат на зборот. Имено, норвешкиот продуцент Кајго добил пристап до необјавена преработка на Higher Love од Стив Виндвуд, која Витни ја отпеала во 1990 година за време на нејзиниот концерт во Токио.

View this post on Instagram

Tomorrow! 🎶 @whitneyhouston

A post shared by Kygo (@kygomusic) on

„Витни ја пресними оваа песна во 1991 и првично била наменета за нејзиниот трет албум ’I’m Your Baby Tonight’, но никогаш не беше објавена… сè досега“, објасни музичарот во видео објавено на неговиот профил на Инстаграм. Оваа „соработка“ сигурно дека ќе ги израдува сите обожаватели на легендарната дива, а како звучи сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑