Балкан 227876378

19 февруари, 2013

Каја ќе сними дует со Крег Дејвид

Српската пејачка Катарина Остојиќ Каја дуетот со ѕвездата Крег Дејвид ќе го претстави прво во Србија. А за кореографијата да биде што поспектакуларна, таа го ангажирала познатиот кореограф Литл Фил, кој до сега работел со Бритни Спирс, Мараја Кери, Џастин Тимберлејк, Крис Браун

Како што пишува српски Курир, самиот ангажман чини дури 15 000 евра, а со оглед на тоа што Каја има намера да го доведе кореграфот во Србија, сигурно постојат и дополнителни трошоци. Инаку, на премиерата на овој сингл закажана за средината на месец март во емисијата VIP room на ТВ Пинк, Литл Фил ќе гостува заедно со уште два танчери.

Во последните месец дена Каја е на ригорозна диета и секојдневно тренира. За спрскиот медиум таа изјавила: „Иако не беше во план дуетот да се изведе прво во Србија, јас сакав да го претставам прво пред мојот народ. Точно е дека соработувам со Литл Фил и можам да кажам дека тренинзите се многу напорни. Ова е нешто што не сум го практикувала до сега, но сега сè e подигнато на доста повисоко ниво и немам друг избор освен максимално да се посветам на тоа.“

Извор: Курир.рс



Врати се горе ↑