16 ноември, 2012

Каја и Дадо Глишиќ снимија спот за дуетот „Бројиш до 100“

Пејачката Катарина Остојиќ Каја и нејзиниот колега Дадо Глишиќ снимија видео запис за песната од која и двајцата многу очекуваат. Вчера беше претставен видео записот за нумерата „Бројиш до 100“, а интересно е тоа што покрај текстот, музиката и аражманот, познатиот пејач од Бања Лука ја потпишува и режијата на истиот.

„Една ноќ, потполно неочкувано, ми дојде инспирација за песната која беше како создадена за дует. Дојдов до идеја дека треба да ја снимам со Каја, бидејќи нејзиниот вокален израз отсекогаш ми бил интересен. И дефинитивно не сум погрешил. Гласовите ни се стопија во едно, песната има потенцијал да биде хит и носи некоја необична магија, а суштината е токму како и во сите мои љубовни композиции“ – изјавил Дадо Глишиќ.

Извор и фото: svet.rs



Врати се горе ↑