Балкан kaya

24 април, 2013

Каја го претстави дуетот со Крег Дејвид

Како што најави во месец февруари, српската пејачка Катарина Остојиќ Каја сними дует со познатиот британски пејач Крег Дејвид, а деновиве ја претстави песната насловена „Disco Ball“, во која пее на англиски јазик, а ја продуцирал нејзиното момче Џуниор Џек.

Каја премиерно ја изведе новата песна во емисијата VIP Room на тв Пинк, но и покрај тоа што Крег Дејвид не беше присутен, публиката уживаше во новиот звук, кој според коментарите на фановите, претставува вистинско освежување на тамошната музичка сцена. На сцената заедно со пејачката се појави и Лил Фил, корегорафот на голем број светски музички ѕвезди, како што се Џастин Тимберлејк и Мараја Кери.

За „Disco Ball“ наскоро ќе пристигне и видео запис, а како звучи оваа интересна соработка можете да слушнете и видите во продолжение.

Извор и фото: Tracara

 

 



Врати се горе ↑