18 април, 2016

„Кад сама останеш“ е новиот сингл на Мусти Изеировски

„Кад сама останеш“ е насловот на новиот сингл и видео запис од талентираниот велешанец Мусти Изеировски, кој беше промовиран деновиве. Како комплетен автор на песната се потпишува Далибор Гошиќ, а за продукцијата му помогна Љупчо Соколоски. Музиката е збогатена и со кларинетот на Александар Трајкоски, а придружните вокали ги отпеа Сара Николовска.

Во видео приказната, за која се погрижија режисерот Дејан Георгиев и „Арт продукција“, главните улоги ги играат Елена Гоцес и Секо Сеат, а снимањето се одвиваше во во хотелот „Гарденија“ во Велес. Како изгледа и звучи најновото од Мусти можете да погледнете и слушнете горе. Уживајте!

 



Врати се горе ↑