22 мај, 2015

„Кад одем оставиќу траг“ е новиот сингл на „Грејт“

Српскиот алтернативен рок состав „Грејт“ го објави видео записот за песната „Кад одем оставиќу траг“, кој е трет сингл од новиот, неодамна објавен студиски албум „Не могу, неќу, не знам и не желим“ (Одличан хрчак, 2015). Новиот видео запис ги наследи двата успешни сингла „Ја“ и „Карма“, со кои беше најавено актуелното издание, а се снимаше во текот на април годинава, во режија на членовите на бендот и во соработка со нивниот стар пријател, фотографот Александар Камаси.

„Има уште свесни овде, не им се на сите врзани очите“, порачуваат од бендот, а како изгледа нивниот нов видео запис можете да погледнете горе, додека актуелниот албум е достапен за преслушување на „Дизер“ и „Јутјуб“.

„Грејт“ можете да ги следите на grateband.comФејсбукТвитер и Инстаграм



Врати се горе ↑