28 јуни, 2017

Кацар и Драги: „Чекајте малце другари!“

После одличната соработка „На дело“, Кацар и Драги (Druggy) повторно ги здружија силите за темата насловена „Чекајте малце другари“, што е уште една критика, овој пат за ситуацијата на музичката сцена.

„Музика има многу, нема пари. Стави цензура, те слушаат стари. Веќе не знам ни што сакаат, ако си наш тогаш слабо те плаќаат“, велат артистите во новата песна, која стигна заедно со видео во реализација на Кирил Манчевски и Стефан Дамјановски, каде што се вклучени сцени од забавите „Trap Da F*ck Up“ на Сашо Личовски.

Сето тоа објавено на Јутјуб каналот на „Ди-ем-еј мјузик“ (DMA Music) можете да го слупнете и видите горе.

 



Врати се горе ↑