Македонија

11 декември, 2012

„Кабадајас“ го промовираат нивниот прв албум

Бендот „Кабадајас“ канат на промоција на првиот албум со наслов „IV“. На албумот се сместени седум нови композиции. Првиот албум на „Кабадајас“ се појавува под етикета на „Баги комуникации“. Промоцијата ќе се одржи на 12 декември (среда) во ресторанот „Пелистер“ (поранешен „Дал Мет Фу“), со почеток во 12 часот.

Проектот Кабадајас го сочинуваат искусните музичари со долгогодишно искуство, басистот Џоле Максимовски, тапанарот Дино Милосавлевиќ, кларинетистот Горан Бојчевски и гитаристот Зоран Костадиновски.



Врати се горе ↑