7 октомври, 2015

„Јутро“ е новиот сингл на Калиопи

За крај на летото и почеток на есента Калиопи на своите почитувачи, фанови и верни обожаватели им ja подарува unplugged баладатa „Јутро“, за која со насмевка вели дека ѝ било полесно да ја отпее, отколку да ја преживее.

После успешниот, жесток и моќен сингл „Пожели“, Калиопи на себе својствен начин прави пресврт и ни донесува песна за која се доволни само нејзиниот глас и акустична гитара. И овој пат како комплетен автор се потпишува Ромео Грил, а како звучи и изгледа новото „Јутро“ можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑