Видео

17 мај, 2019

Јутјуберот Џи-Пи знае дека „Со тебе најдобро е“

Да се има свој канал со бројни следбеници е секогаш голема предност за сите оние кои сакаат да се обидат и во музичките води, а слично како Стефонатор, истиот чекор го презеде и неговиот колега јутјубер Џи-Пи.

Имено, Марко Марковиќ, кој се крие зад псевдонимот Џи-Пи, деновиве ја објави својата нова песна насловена „Со тебе најдобро е“, притоа потпишувајќи се и како автор на стиховите, миксот и на мастерингот, а музиката е на Ребел, додека видеото е на Томислав Живковиќ, каде што друштво му прави Ивана Шикоска.

Ова не е прва песна од популарниот јутјубер, кој зад себе ги има „Ајде џипери“ и „За сто илјади“, и двете посветени на неговите следбеници, а како звучи најновото од Џи-Пи дознајте во продолжение.



Врати се горе ↑