Свет p-gs

3 декември, 2014

„Јутјуб“ веќе не може да ги преброи прегледите на „Gangnam Style“

Виралниот хит кој ја одбележа 2012 година, темата „Gangnam Style“ од корејскиот рапер Псај сè уште руши рекорди со гледаноста на сервисот „Јутјуб“. Имено, во соопштението објавено деновиве, популарната платформа вели дека веќе не е во можност да ги преброи прегледите на овој видео запис, кој во јуни годинава ја надмина бројката од 2 милијарди. „Никогаш не помисливме дека едно видео би собрало толку многу прегледи, но тоа беше пред да го запознаеме Псај. ’Gangnam Style’ е прегледан толку многу пати што мораме да се надградиме“, велат од „Јутјуб“.

Броилото на прегледи на овој хит, кој влезе во Гинисовата книга на рекорди“ како видео со најголем број допаѓања, отсега не покажува запирки, а ако со стрелката застанете на него ќе видите малку математичка магија.

Наследникот на овој хит, темата Gentleman“ е прегледана над 762,2 милиони пати, а соработката со Снуп Дог, „Hangover“ собра 162,3 милиони прегледи.



Врати се горе ↑