За Вас mj

1 јануари, 2016

Јубилејно 75. издание на Виенскиот Новогодишен концерт

Првото утро од секоја година секогаш е резервирано за познатиот Виенски Новогодишен концерт, во чии рамки милионска публика од целиот свет ужива во изведбите на Виенската филхармонија и класичните дела на семејството Штраус. Овој културен настан, кој традиционално се одржува во златната сала на „Музикверајн“, годинава слави јубилеј од 75 години, а директниот пренос ќе го проследат преку 50 милиони гледачи во над деведесет земји ширум целиот свет.

Диригентската палка по трет пат ќе биде во рацете на маестро Марис Јансонс, кој претходно ја имаше оваа задача во 2006 и 2012 година. Како и секоја година, гледачите во Македонија со преносот во живо ќе можат да уживаат на првата програма на Македонската Радио Телевизија, со почеток од 11 часот и 15 минути.

 



Врати се горе ↑