Македонија vojo-stojanovski

18 март, 2013

Јубилејно 5-то издание на Прилеп фест

Овогодинешното 5-то по ред издание на фолк фестивалот Прилеп фест е закажано за 16-ти мај. Локацијата останува иста како и до сега, а тоа е Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп, а јубилејното издание и овој пат е посветено на фолк музиката, позади кое стои веќе докажаниот тим на Бокс продукција. И годинава повторно ќе го има најдоброто од светот на фолк музиката, а публиката ќе има можност да ужива во дваесетина нови фолк-рефрени, но и во настапите на атрактивни музички гости од Бугарија и Србија.

Награди повторно ќе има за најдобрите и тоа од стручното жири и публиката, а нема да изостане ни признанието кое ќе го доделат акредитираните новинари, како и она за најслушана песна меѓу две фестивалски изданија. И годинава ќе биде доделена наградата за животно дело, која минатата година отиде во рацете на Војо Стојановски. 



Врати се горе ↑