Настани

15 март, 2019

Јубилејно 20. издание на „Виенскиот бал“ во Скопје

Утревечер, на 16 март, во хотелот „Александар Палас“ ќе се одржи јубилејното, 20. по ред издание на „Виенскиот бал“ во Скопје.

Овој настан во Скопје на нашиве простори стана синоним за успешна културно-уметничка манифестација, пред сè како резултат на долгогодишната одлична соработка меѓу организаторот на балот – Здружението за културна соработка „Јохан Штраус“ – и покровителот на оваа уметничка манифестација – Амбасатата на Република Австрија во нашата земја.

„Виенскиот бал“ и оваа година ќе има хуманитарен карактер. Дел од средствата од купените билети ќе бидат донирани во хуманитарни цели, односно наменети за невладината организација „Без ограничувања“.



Врати се горе ↑