Настани пиволенд

10 јули, 2017

Јубилејно 10. издание на „Пиволенд“ од 7 до 12 август

Скопскиот фестивал на пивото, „Пиволенд“ годинава ќе го одбележи своето јубилејно 10. издание, кое ќе се одржи од 7 до 12 август на Скопско кале, а деталите околу музичката програма и пиварниците што ќе учествуваат на фестивалот ќе бидат откриени наскоро, најавија организаторите.

Во изминатата деценија на фестивалот настапија бројни музички имиња од Македонија, но и од странство, а им се отстапува место и на младите музички надежи што допрва ќе се афирмираат на сцената. Покрај одличната музика, посетителите уживаат и во најпопуларниот алкохолен пијалок во светот, произведен во едни од најдобрите домашни и светски пиварници.

 



Врати се горе ↑