Македонија

21 октомври, 2016

Јубилејниот 20. „Еврофест“ на 29 октомври во АРМ

Познатиот српски композитор Раде Радивоевиќ од Белград ќе добие награда за животно дело на интернационалниот фестивал на забавни мелодии „Еврофест“ и награда за најголем хит од фестивалот, на прославата на 20-годишниот јубилеј, на 29 октомври, во салата на АРМ во Скопје.

„Раде му даде на фестивалот три големи хит-мелодии, кои ги испеаја Маргарита Христова и Јулија на еврофестовската сцена. Третата е ‘Многу солзи’, која Маја Оџаклиевска маестрално ја донесе на првото издание во 1997 година и го освои гран-прито. Оттогаш, веќе 20 години е најголем фестивалски хит, односно мегахит не само на ‘Еврофест’ туку и во целата македонска фестивалска продукција и сосема заслужено ја прогласуваме за најголем хит на ‘Еврофест 1997-2016’. Веднаш до неа е ‘Сонце во твоите руси коси‘ – првата победа на Тоше со која се вивна на естрадното небо. Хитовите ќе бидат изведени на јубилејното издание, во балетска верзија на балетско студио“, вели уметничкиот директор Костадин Костадиновски.

На јубилејниот „Еврофест“ ќе дојдат победници-лауреати од 12 држави, а за првиот дел – хит-мелодии има место за уште две песни.

Фотографија: Радован Вујовиќ (Телеграф.мк)



Врати се горе ↑