Македонија 10689641_10152898649508395_7601637622376624806_n

20 ноември, 2014

Јубилејни 10 години на здружението на музички автори „Шпато“

Здружението на автори на музички дела на Репбулика Македонија – „Шпато“ одбележа јубилејни десет години постоење. Во клубот на МКЦ во Скопје се одржа пригоден коктел и концертен настап на кој беа доделени и признанија на наши еминентни автори. Наградата за трајни вредности во македонската музика ја доби Виолета Томовска, а Калиопи Букле доби награда за почесен член на здружението (фотографија горе). Меѓу наградените се и Ребека Јанковска-Ристеска и Данаил Дарковски за посебен придонес во развојот на македонската популарна музика.

На самиот настан покрај постојаните членови на здружението во неговите редови се зачленија и голем број на автори кои подоцна со концертен настап го збогатија овој значен јубилеј. На концертот настапија Симон Киселички, музичките групи „Д Џон“, „Барбарела“, „Никеја“ и „21.00“.



Врати се горе ↑