Концерт boris t

22 декември, 2015

Јубилеен концерт на Борис Трајанов во МОБ

Националниот уметник на Македонија, баритонот Борис Трајанов во четврток, 24 декември, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе го одржи својот јубилеен концерт На Македонија со љубов“, со кој ќе одбележи 30 години уметничка дејност. Програмата за концертетот е: Избор на традиционални љубовни и патриотски македонски народни песни. Гости на концертот ќе бидат: Јелена Влаховиќ (мецосопран од Србија) и нашите првенци, Весна Гиновска-Илкова (сопран) и Ѓорѓи Цуцуловски (тенор). Автор на сценариото за концертот е драматургот, Братислав Димитров, додека наратор, актерот, Владо Јовановски.

Специјално за овој концерт се подготвени нови аранжмани на песните, чии автори се: Тодор Трајчевски, Дарко Мариновски и Сони Петровски. Балетски солисти се, Ивана Коцевска и Дојчин Дочев, од Бугарија. Концерт мајстор ќе биде, Верица Ламбевска, режисер е Дејан Прошев, а диригент, гостинот од Србија, Ѓорѓе Павловиќ.

Во изборот на традиционални песни се наоѓаат најубавите наши бисери како: „Сношти минав“, „Саноќ седам Трено“, „Си заљубив едно моме“, „Со маки сум се родил“, „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ и многу други. Ќе го слушнеме и познатото „Тешкото“ од балетот „Македонска повест“ на Глигор Смокварски.



Врати се горе ↑