Концерт BlagojaGrujovski

16 март, 2013

Јубилеен концерт на Благоја Грујовски

Благоја Грујовски на 11-ти април во Универзалната сала во Скопје со концерт ќе го одбележи 20-годишното опстојување на фолк сцената, пишува Вечер. Славеничкиот концерт ќе му го посвети на неговиот татко, композиторот Мате Грујовски од кого ја наследил љубовта кон музиката, а кој од пред неколку дена повеќе не е меѓу живите.

„Смртта на Мате нема да го одложи концертот. Благоја доби благослов од татко му да си ги остварува зацртаните планови и проекти, тој е музичар, тоа е негова професија и нема потреба од одложување на концертот“ – велат организаторите на концертот, луѓето од Радио Роса.

„Туѓино јабано“, „Јано Јаниче“, „Мирјана“… се само дел од песните кои Благоја ќе ги пее за неговата публика, а специјална гостинка ќе биде Сузана Гавазова, со која го има дуетот „Фати се Бое на оро“. Струмичанката уште ќе ја отпее и песната „Дури бев мома при мама“ која ја има препеано, а е авторско дело на Мате Грујовски.

Влезниците по цена од 250 денари се веќе пуштени во продажба на касата на Универзална, преку сервисот купикартизасе.мк и во Југотон. По концертот Благоја ќе се пакува за Австралија и заминува заедно со колешката Милица Кузмановска.

Извор: Вечер



Врати се горе ↑