Видео

19 јули, 2019

Јовче Пандев најавува албум со „Суден час“

Струмичкиот рок-музичар Јовче Пандев неодамна ја претстави својата нова песна насловена „Суден час“, која стигна заедно со одлично видео. Станува збор за авторско дело на самиот Пандев, чиј потпис стои на музиката и стиховите, а аранжманот е на Иван Петровски, кој ги отсвири и гитарите и клавијатурите. Во создавањето на песната учествуваа и Полина Тасева како придружен вокал, Александар Џигер Ванчовски на тапани и Горан Гешовски на бас. Гешовски се погрижи и за продукцијата, а снимањето се овиваше во студиото „Алшар“.

Одличната екранизација, пак, е дело на режисерот Столе Ангелов, а монтажата ја направи Ѓорги Вацев, додека улогите ги одиграа Александра Бенет, Љубомир Митровски и Зоран Трендов. Дел од видеото е снимен во семејната вила на уметникот Никола Пијанманов, кој сам ја има направено со целата надворешна орнаментика, друг дел во специјално адаптиран простор на сцената во Домот на културата во Босилово и еден дел на планината Огражден.

„Судниот час“ воедно е најава за првиот албум на Пандев, чија промоција се очекува до крајот на годинава, а како изгледа и звучи најновото од талентираниот струмичанец, дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑