Видео

10 мај, 2019

Јованче Тодоров дебитира со „Макијато“

Велешкиот музичар Јованче Тодоров ја претстави својата прва авторска песна насловена „Макијато“, на која се потпишува и како автор на музиката и на стиховите, а аранжманот и студиската обработка, како и снимањето на видеото се направени во соработка со „ДРД студио“ од Скопје.

Тодоров е македонски пејач, музичар и композитор, роден во 1989 година во Велес. За првпат се запознава со инструментите клавијатура и хармоника на 4-годишна возраст, за потоа од 8 години официјално да го започне своето нижо музичко образование. Активно почнува со настапи во ресторани и кафулиња од 17-годишна возраст.

„Почитувани дами и господа, животот е како молив кој секој нов ден е сè пократок, па затоа треба да се потрудиме со тој молив да создаваме убави дела, со цел да останат како трајна вредност. Токму затоа ви ја подарувам мојата прва авторска песна со наслов ’Макијато’, која се надевам дека ќе ви се допадне“, порача Јованче, а како звучи и изгледа неговото првенче дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑