Аудио 10974_308877359234875_1943920075_n

13 јуни, 2013

Joван Радњански годишнината од својот брак ја прослави со нова песна

По двегодишна пауза, поп пејачот Јован Радњански сними нова песна која го носи насловот „Срце од друг”. Комплетен автор на музиката, текстот и аранжманот е токму Јован, гитарите се отсвирени од Александар Наумчев, а како продукцент се јавува Перо Манев.

 „На македонската публика ѝ подарувам една прекрасна поп нумера која ја напишав од срце и се надевам дека ќе допре до сите, посебно оние кои имаат проблеми во љубовниот живот. Овој текст иако е напишан од срце, сепак не е дел од мојот живот. Јас искрено уживам во брачниот живот. Признавам дека брачните обврски малку ме оддалечија од правењето музика, но еве на годишнината од мојот брак ја подарувам „Срце од друг”-  вели Радњански.

За новата песна Јован ќе сними и видео запис кој се очекува да излезе многу наскоро.

 



Врати се горе ↑