Видео

5 октомври, 2018

Јован Куцин го екранизираше својот „Град“

Мултиталентираниот Јован Куциновски, или Јован Куцин, деновиве го промовираше видеото за својот нов сингл насловен „Граду“, кој го објави кон средината на летото. Посветена на неговиот роден Охрид, песната е комплетно авторско дело на самиот Јован, кој освен за музиката и стиховите, се погрижи и за режијата и монтажата.

Во создавањето на „Граду“, чие снимање се одвиваше во „Кречо саунд студио“, учествуваа и Анатоли Арнаудоски на електрична гитара, Јане Тодороски на бас-гитара и Никола Јосифоски на клавијатури, како и Зоран Кречо, кој се погрижи за перкусиите и продукцијата. Визуализацијата пак е во реализација на продукцијата „Моушн имоушн“ (Motion Emotion), а директор на фотографија е Александар Карпузовски.

Како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑