Македонија jovan jovanov

27 февруари, 2017

Јован Јованов со сертификат и награда за песна во Америка

Македонскиот композитор и продуцент, Јован Јованов продолжува со интернационалната кариера. Имено, познатиот музичар доби сертификат и награда „Онорабл меншн авордс“ (Honorable mention awards) на Американскиот натпревар за компонирање (USA Songwriting Competition) за песната „Say You Love Me“, која ќе биде изведена од страна на популарната канадска пејачка Лирон.

sertifikat

Јованов досега има повеќе од 500 музички дела. На Јутјуб неговите дела имаат повеќе од 130 милиони гледаност, што го прават и официјално најгледан автор од Македонија. Музичките групи „Магија“, „Ин“, „Екстази“, „Браво бенд“, „Некст тајм“, „Куку леле“ и „Либеро бенд“, македонските пејачи Тоше Проески, Ноне Неделковска, Адриан Гаџа, Маја Саздановска, Даскал, Рената Кралевска, Тони Зен, Елвир Мекиќ, Слаткаристика, Ламбе Алабаковски, Гоце Арнаудов, Сања Лефкова, Ѓоко Танески, Елена Петреска, Александра Пилева, Влатко Илиевски, Денис Екс, Аце НЛ, Алексансандар Тарабунов, Орхидела Дукова, Христијан Тодоровски – Кико, Емил Арсов, Ивица Велоски, Ања Ветерова, Тајзи, Ферус Мустафов, Филип Јордановски, Симона Попоска и регионалните ѕвезди Бојан Маровиќ, Слаѓа Делибашиќ, Селма Бајрами, Флориани, Џус и Емина Јаховиќ се само дел од компилацијата „100 најпопуларни песни на Јован Јованов“, која е достапна на официјалниот Јутјуб канал на „Глобал мјузик рекордс“.

Како потсетување, Јован Јованов во 2014 година замина во Холивуд за да се усоврши во областа на музичкиот инженеринг, а денеска живее и работи во Торонто, каде што го гради своето ново студио. Студиото „Јованови“ во Скопје, каде се отпеани најголемите македонски хитови, сега го води неговиот брат, Иван Јованов.



Врати се горе ↑