Македонија jj

3 ноември, 2014

Јован Јованов се пресели во Холивуд

Познатиот македонски композитор и продуцент, Јован Јованов минатата недела се пресели во Холивуд, а причина за тоа е дошколувањето во едно од најелитните училишта во САД, „The Los Angeles Film School“, каде што ќе има можност да се усовршува и дошколува за музичка продукција и музика за филм, пренесува „Убавина и здравје“.

Студиите во Холивуд ќе траат две години, а за тоа време негова замена во студиото „Јованови“ ќе биде брат му Иван Јованов.



Врати се горе ↑