Балкан jlisac

16 ноември, 2012

Јосипа Лисац со концерт во Скопје

Легендарната дива Јосипа Лисац доаѓа во Скопје на голем концерт закажан на 16 февруари во Универзална сала, а во организација на „Авалон продукција“.  Лисац ќе настапи во главниот град по повод јубилејот – 40 години од издавањето на еден од најквалитетните албуми на југословенските простори на сите времиња „Дневник једне љубави“, кој до сега е продаден во неколку стотици илјади примероци, а ќе ги посети и сите поголеми градови на поранешните ју-простори.

„Секогаш свежата, модерна, оригинална и пред сè, искрена Јосипа Лисац во Скопје доаѓа со својот бенд кој го сочинуваат: Борна Шерцар – тапани, Јосип Грах – труба и хармоника, Гојко Томљановиќ – клавијатура, Давор Чрнигој – бас-гитара и Елвис Пенава – гитара. Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, 19 ноември, по цена од 600 и 800 денари“, информираат од Авалон.



Врати се горе ↑