Аудио

27 декември, 2017

Јордан Митев со претпразнична песна „За тебе“

Во пресрет на Новата 2018, фолк-пејачот Јордан Митев реши 2017 година да ја заокружи онака како и што доликува – со нова песна. Композицијата е насловена „За тебе“, а нејзин комплетен автор е токму Митев. Темата е снимена во студиото „Анастасија“, под продуцентската палка на Љупчо Павловски. Инаку, станува збор за песна со љубовна тематика и во весел, побрз ритам која, како што вели Митев, верува дека одлично ќе се вклопи во претстојните празнични денови.

„Се надевам дека песната ќе и се допадне на мојата публика. Сакав годинава да ја завршам онака како што и ја почнав со нова песна, а веќе во следната со нови сили одиме кон нови победи и, секако, реализација на планираните проекти. Сакам во оваа пригода да им посакам на сите мои Македонци, каде и да се, убави празници и бериќетна година исполнета со добро здравје и, нормално, убава македонска музика“, вели Митев, а вие слушнете ја неговата „За тебе“ во продолжение.



Врати се горе ↑